Србија го освои трофејот на кошаркарското ЕП за јуниори – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 7:01 AM

Србија го освои трофејот на кошаркарското ЕП за јуниори

Репрезентација на Србија е победник на Европското првенство за кошаркари до 18 години кое се играше во Летонија.

Србите синоќа во финалето го победија домаќинот Летонија со 99:90. Клучната предност српските јуниори ја направија уште во првата четвртина која ја добија со 32:20 и оттогаш не му дозволија на противникот да го загрози нивното водство.

Најзаслужен за победата беше Марко Пецарски кој финалето во Рига го заврши со „дабл-дабл“ ефект – 34 поени и 13 скока.

Во домашниот состав се истакна Артур Жагарас со 26 поени.

За најкорисен играч на првенството – МВП е прогласен Пецарски.

Во дуелот за третото место Франција ја победи Русија со 79:70.

 

Извор:МИА