Антикорупциска ќе ја чешла набавката за вакцините – Заев вели нема ништо незаконско – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/21 12:41 PM

Антикорупциска ќе ја чешла набавката за вакцините – Заев вели нема ништо незаконско

На денешната прес конференција на Државната комисија за спречување на корупцијапред новинарите  изјавија дека   предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19  има информации што се уште не се комплетирани.

Горан Трпеноски член на Комисијата изјави дека треба целиот случај да се разгледа со ладна глава бидејќи ситауацијата е комплексна.

-Антикорупциска добила од Народна банка документ за извршена исплата на  седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока односно Министерството за здравство има исплатено на 15 февруари, а Народна банка  го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг.

Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари.

– Владата во кородинација со владата на Кина, преку Кинеската амбасада во С Македонија, по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарала назад уплатените средства, што  било реализирано со враќање на средствата. Владата за операционализирање на својата одлука на 16.март го задолжила МЗ да ги прекине сите активности за реализација по заклучоците од 8 – та седница односно парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм, појасни  Трпеноски.

Премиерот  Зоран Заев изјави дека нема ништо незаконско во набавката со вацините.

-Неколку пати соопштуваме досега дека нема ништо незаконско во набавката на вакцините. Министерството за здравство го води целиот процес. Во времето кога имавме сериозен предизвик и бевме под притисок на јавноста, да набавиме вакцини од секаде. Ако постои постапка за декласификација на сите документи, министерот за здравство нека ги објави сите детали, документи. Сме правеле се за час поскоро да добиеме вакцини, изјави Заев.