Брнз: Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/21 12:20 PM

Брнз: Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија

Земјата постигна евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но тој чекор мора да се одржува. Ова го порача денеска американската амбасадорка, Кејт Брнз која имаше обраќање по денешното потпишување на договорот за грант Северна Македонија и САД.

– Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По попишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизамот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели – рече Брнз во своето обраќање.

Владините лидери, според амбасадорката, мора да се соочат со честите неусогласености меѓу високите очекувања кај јавноста за членство во ЕУ и реалната тежина на реформите кои треба да се спроведат како предуслов за влез во Унијата.