Меган Маркл го доби британскиот таблоид на суд поради срцепарателното писмо кое му го пратила на татко си – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/21 8:01 PM

Меган Маркл го доби британскиот таблоид на суд поради срцепарателното писмо кое му го пратила на татко си

Сопругата на принцот Хари, војводката од Сасекс, Меган Маркл, ја добила парницата против британскиот таблоид „Mejl on Sunday“ поради објавување на писмо кое го напишала на својот татко Томас Маркл.

Откако судот утврди дека никој друг нема права на споменатото писмо, Меган за повреда на авторски права на суд го добила таблоидот.

Меган во писмото го молела својот татко да престане за медиумите, откако се преселила во Бекингамската палата, да зборува лаги за неа и нејзините постапки. Но, тој тоа писмо го предал на медиумите кои го објавиле.

-Ако ме сакаш, како што им кажуваш на новинарите, те молам престани. Те молам, дозволи ни нам да го живееме својот живот на мир. Твоите дела ми го скршија срцето на милион парчиња. И тоа не само бидејќи си создал непотребна болка, туку и затоа што избра да зборуваш лаги. Тоа е нешто што нема никогаш да го сфатам, напишала тогаш Меган.

Војводката од Сасекс од венчавката со принцот Хари не е во добри односи со својот татко, но и сестра. После големото интервју кај Опра Винфри, Томас реагирал на зборовите на неговата ќерка „дека ја издал“.

-Сите правиме грешки, но јас никогаш не сум играл гол билијард и се облекував како Хитлер, како што тоа Хари го направи, рекол Томас тогаш.

Извор: Телеграф.рс

Преведено:М.П.Насковска