(ВИДЕО) Дегажманот на романскиот голман никого не остави рамнодушен – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/21 3:54 PM

(ВИДЕО) Дегажманот на романскиот голман никого не остави рамнодушен

Натпреварите од плеј-аутот во првата фудбалска романска лига, да бидеме искрени, не ги интересираат во голема мера и најблиските пријатели и потесното семејство на главните актери на теренот.

Но невообичаениот потег од вчерашниот дуел помеѓу екипите на Чиндија Трговише и Газ Метан, „влезе во око“ на гледачите ширум Европа. Голманот на домаќините, кој подоцна беше и заменет од игра, Михаи Аиоани, барајќи некој од своите соиграчи во нападот ја дегажираше топката која на некој чуден начин го промени правецот.

Напаѓачот на Газ Метан, Рикардо Валенте, присебно го проследи неверојатниот кикс на чуварот на мрежата и ја смести топката позади неговиот грб за конечни 1:1.

 

Веднаш по несреќната и бизарна реакција, Аиоани, од непознати причини беше изваден од игра, а неговото место помеѓу стативите го зазеде резервистот Дину Молдован. Натпревар за заборав за 22-годишниот Романец. Но, добро, барем не го направи ова во финале од Лигата на шампионите, нели?

 

 

 

д.ј

Фото:

Twitter / @EmanuelRosu / Screenshot