Венчани и невенчани, не спијте со вашите партнери – Британски хирург со нова метода за длабок сон – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/21 12:45 PM

Венчани и невенчани, не спијте со вашите партнери – Британски хирург со нова метода за длабок сон

Популарниот британски хирург д-р Каран Раџ кој на ТикТок често дели медицински совети, овојпат ги изненади своите следбеници со најновата теорија.

Тој ги предупреди сите двојки, венчани и невенчани, кои спијат заедно дека прават голема грешка.

„Секогаш би требало да спиеме сами затоа што другата личност во креветот со своите движења и звуци не спречува да влеземе во РЕМ фазата на длабок сон, а која е неопходна за да се одмори телото“, вели д-р Раџ кој на оваа објава заработи милион лајкови.

Многу двојки навистина не уживаат во тоа да го делат душекот и често се жалат дека не се одморени.

„Освен тоа, за да заспиемем температурата на телото мора да ни опадне, а кога крај себе имаме некој, тоа ни ја зголемува телесната температура и ќе ни биде потребно повеќе време да потонеме во сон“, вели хирургот кој на ТикТок го следат 5,5 милиони луѓе.

Една од неговите следбенички откри дека по 18 години делење кревет со партнерот кој ‘рчел многу, конечно се преселила во друга соба.

@dr.karanrSleep divorce ##sleep ##dream ##schoolwithdrkaran ##learnontiktok ##BRITsMOVER

♬ Home – Edith Whiskers

 

извор: Mondo.rs

фото: theguardian.co.uk