Финансиер на ИД уапсен на аеродромот во Амстердам – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 1:26 PM

Финансиер на ИД уапсен на аеродромот во Амстердам

Германското Јавно обвинителство денеска соопшти дека на аеродромот во Амстердам бил уапсен маж, кој е осомничен дека праќал пари за финансирање на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Обвинителството наведува дека 29-годишниот руски државјанин, идентификуван како Јусуп Б., бил уапсен вчера откако во Амстердам допатувал од Јужна Америка.

Во соопштението се посочува дека властите во Берлин и во сојузната германска покраина Бранденбург водат истрага портив Јусуп Б., под сомнеж дека го поддржува тероризмот.

Тој се сомничи дека префрлал пари на осомничени лица во Сирија за финансирање обука и набавка на оружје за ИД.

 

Извор:МИА