За една недела бројот на новозаразени намален за речиси 40%, на починати за околу 21% – ИЈЗ Ковид извештај – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/21 2:44 PM

За една недела бројот на новозаразени намален за речиси 40%, на починати за околу 21% – ИЈЗ Ковид извештај

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за минатата недела (од 26 април до втори мај, 2021год) покажува дека за присуство на коронавирус се тестирани вкупно 14.975 материјали, за 17,6% помалку од минатата недела, а регистрирани се 2.076 нови случаи во 34 градови во државава, што всушност претставува намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца  е регистрирана во Виница.

Од новозаразените, најзастапени се лицата на возраст над 60 години со околу 37,6%, по нив следуваат лицата од 50 до 5 години со 16,8%, од 40 до 49 години со 16%, од 30 до 39 години со 15,6%  и лицата меѓу 20 и 29 години со 8,3%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9, 1,6% и 10-19 години  4,1%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски”, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација.

Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.