ОФИЦИЈАЛНО: Бомба од Италија – Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/21 2:28 PM

ОФИЦИЈАЛНО: Бомба од Италија – Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома

Од ведро небо и сосема неочекувано, во сенка на шпекулациите за името кое ќе го замени Фонсека на клупата на римјаните, некогашниот тренер на Интер, Челзи, Реал Мадрид, Порто и Тотенхем, Жозе Мурињо, официјално од следната сезона ќе ја предводи Рома.

Овогодинешниот полуфиналист во Европа лига попладнево на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека Португалецот ќе седне на клупата на „римската волчица“ од сезоната 2021/22. Рома ги договорила сите услови со еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот и во новото клупско поглавје ќе влезе максимално мотивирано и подготвено за враќање на добри патеки.

Италијанските медиуми со денови го бараа наследникот на екс-тренерот на Шахтјор, но во ниту еден момент не го поврзаа Мурињо со тимот кој 21 година не знае за Скудето. Последниот професионален ангажман на португалскиот стратег беше во Тотенхем. Резултатите со екипата од северен Лондон и нарушените меѓучовечки односи, претставуваа причина тој да биде отпуштен непосредно пред финалето од Карабао Купот со Манчестер Сити.

Рома на четири кола до крајот во Сериа А се наоѓа на седмата позиција со освоени 55 поени и девет бодови оддалечен од местата кои водат во ЛШ и Европа Лига.

 

д.ј