Воин Кушиќ, земјоделец во Република Српска, изградил куќа која се врти за да и удоволи на својата сопруга, која не можела да се одлучи на која страна сака да и биде погледот.
Куќата која се врти околу својата оска не е некоја новост во светот, но на нашите простори земјоделецот Кушиќ неодамна се одлучи на ваков потфат.
Изградил куќа голема околу 100 квадрати, со прекрасен поглед на Нова Градишка и Славонски Брод, зависно од која страна е свртена.
Посебно е необично чувството кога се наоѓате во куќата. Иак на момент се слуша крцкање, Воин тврди дека нема оасност да се оштети куќата, пренесува РТРС.
А причината зошто се одлучив на ваков потфат е да и удоволи на својата сопруга, која не можела да се одлучи дали сака да има поглед на пат или не.
Куќата се движи на помош со струја, а брзината на ротирањето може да се подесува од еден обртај во 22 секунди, до еден обртај во 24 часа.
Куќата се напојува со 12 валјаци од воен транспортер и секој може да носи по пет тони.