Во Пробиштип прва акција за заловување кучиња скитници – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 1:14 PM

Во Пробиштип прва акција за заловување кучиња скитници

Општина Пробиштип денеска спроведе акција за заловување кучиња скитници во централното градско подрачје.

Марија Митева од кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип изјави дека за два часа се заловени околу десетина бездомни кучиња.

– Акцијата се спроведе од страна на ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кој општина Пробиштип склучи договор за заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територија на општинта, со времетраење од една година. Денешнава акција е прва од повеќето акции кои интензивно ќе следат на целата територија на општина Пробиштип во идниов период, рече Митева.

Вакви акции за заловување кучиња скитници се реализираат и во останатите општини во источниот регион. Градоначалниците на последниот состанок во Берово веќе имаат и иницијатива проблемов да се решава и на регионално ниво бидејќи бројни се реакции од граѓаните. Засега само Штип гради стационар за кучиња скитници, кој се очекува да биде отворен во текот на наредниот период, каде што ќе бидат сместени од 15 до 18 бездомни кучиња.

 

Извор:МИА