Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година. За ова информираа од Министерството за труд и социјална политика, од каде наведуваат дека корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 4 мај 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 04.05.2021 год.(вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
– 05.05.2021год.(среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.