Девојчето што почина на раце го носевме за да го спасиме – Со командантот Владимир Симоновски за се со што се соочуваат пожарникарите – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/21 10:00 AM

Девојчето што почина на раце го носевме за да го спасиме – Со командантот Владимир Симоновски за се со што се соочуваат пожарникарите

Многумина се сеќаваме на цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, кој по добиената дојава и ѕвоното за евакуација, за неколку секунди беше подготвен да излезе на терен, да се спаси уште еден живот и да одговори на секој предизвик кој му го носи денот. Така е и во реалноста, целта е единствена да се спасат човечки животи, да се помогне. ММС беше во посета на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а повод ни беше денешниот ден 4 -ти мај, Меѓународниот ден на пожарникарите.

Како е да се биде пожарникар ?  Како се соочуваат со ризиците, биле ли во ситуација кога нивниот живот бил во опасност?  Одговор на сите овие прашања и лично доживеани ситуации, тет-а-тет ни ги раскажа командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Бројот 193 е број од кој зависи работниот ангажман на секој еден „херој на градот“. Дојавата стигнува на тој телефонски број, а потоа следува подготовката.

„По секоја настаната ситуација, бројот 193 е отворен 24/7, седум линии се оперативни за Градот Скопје каде што никогаш не е зафатено или да не може да не не добие некој. Дојавата се кажува со точни информации, каде се наоѓа пожарот, се добива сигнал преку разгласен уред и со самото најавување на разгласот, ѕвони ѕвончето и тргнуваат тие што се повикани по самиот разглас“, вели командирот Симоновски.

Иако пожарникарите кои се на смена се постојано на готовс, сепак имаат време броено во секунди кога по дојавата и ѕвончето, веќе треба да се на терен.

„Последното мерење беше пред  седум дена, точно го меревме за интервенција на стан во Кисела Вода, најавата и излегувањето на возилото од самата капија, беше за 50 секунди“, раскажа Симоновски.

Во рамките на својот објект добија мурал кој го симболизира работењето на пожарникарите, што е реткост да се види ваков мурал со толку голема димензија. Обично перцепцијата за еден пожарникар е дека неговата задача е само гаснење пожар, но не е само пожарот нивна работна обврска. Техничките интервенции исто така се чести, но и тие не се ништо помалку ризични од гаснењето пожар.

„Го имаме најголемиот мурал добиен за пожарникарите направен на европско ниво, според габаритот на муралот 25 метри висок, 8 метри широк, го цртаа уметници со наши идеи и забелешки. А „Хероите на Градот“ е што перцепцијата на народот е повеќе на нашата страна, во смисла дека интервенираме на секој вид интервенции, не се само пожарите. Некогаш имаме перцепција дека сме само за пожари, но делот на спасувањето на домашни миленици, сообраќајни несреќи, материјални добра, па дури и обиди за самоубиство, во секоја катастрофа и секоја ситуација што е од ризик, учествуваме. Дали ќе интервенираме, дали ќе бидеме поддршка на институциите кои што треба да ја преземат целата ситуација секогаш сме таму, поготово во градов“, вели Симоновски.

Секојдневниот живот на пожарникарот кога доаѓа на работа е ризичен, вели Симоновски, мислејќи во однос на тоа дека ризикот не го одредуваш ти сам како ризик или не си на некоја машина на која што може да ти претставува опасност.

„Секојдневно може да се случи различен вид на пожар, 95% од пожарите не се исти. Ризикот е секогаш присутен во делот, како што јас практикувам да кажам, ризикот е присутен кај нас овде во воздухот секојдневно 24/7. Денеска вие може цел ден да седите, но може да имате интервенција која ќе ви одземе 2 или 6 часа, но може и да имате интервенција која ќе ја завршите и за 5 или 10 минути. Се е во начинот на постапката и тактиката оперативно како се излегува и како се гаси“, вели командантот Владимир Симоновски.

Во споредба со другите земји кои работат според европски стандарди и принципи каде прво гледаат да не го стават сопствениот живот во ризик и имаат протоколарно решение за се, кај нас  вели Симоновски тоа е малку запоставено.

„Во однос на урбана средина, градба, простор за оставање за интервенција, овој дел секогаш се гледа како маргинализација, на крај. Изминатите неколку години правевме ние одредени кампањи за шумски пожари, интервенции, за палење на огани на отворено, за уништување на животна средина, уништување на шуми, даваат малку резултат. Кампањите што ги правевме за свест на граѓаните во делот на сообраќајот, можам да кажам се со позитива кон граѓаните, даваат огромна позитива. На самата сирена на самото слушање на звукот на против пожарно возило, доаѓаме во ситуација кога 90% од возилата кои што се во сообраќајот прават простор, коридор каде што треба да поминеме. Не можеме да бидеме совесни до 100%, има дел и на несовесни, но се обидувате да направите простор како да поминете“, вели Симоновски.

Вели дека ризикот е на самото место каде што интервенираат. Неговото искуство покажува дека има многу интервенции во кои учествувал, но ги издвои како посериозни автобуската несреќа кај Ласкарци, пожарот во јуни во Кисела Вода, земјотресот во Албанија, пожарот во кафуле во Мавровка.

„Тоа е материјално голем пожар кој што преставува проблем затоа што имате трговски центар од двете страни, подрумски простории под кафулето, па треба да направите пресек да не се прошири, а е од специфичен карактер. Шумскиот пожар во Велес, кога гореше шума околку Езерото Младост исто во 2019. Доста интервенции каде што сме се ставале во посебен ризик и да не разлислуваш во тој момент дека можеш и ти да имаш некои последици понатака. Во тој момент не размислуваш последиците ќе ги сносиш потоа, тука работи адреналитот. Постпожарната реакција, анализа на сетоа она што можело да се случи“, вели Симоновски.

Случка која длабоко останува во неговото сеќавање е автобуската несреаќа кај Ласкарци, каде командирот одвои детали за да ја долови опасноста по неговиот живот во моментот кога спасувале преживеани патници.

„Зборувам во моментов и се ежам. Тоа е нешто што не се случувало и не се случило, се до моментот кога не се случи, таква автобуска несреќа да видам јас и сите колеги што бевме таму. Прво не знаевме за што станува збор, второ беше најавена автобуска несреќа на автопат Скопје – Тетово. Не знаевме дека е автобусот паднат преку стариот пат доле во провалија на 7 метри висина од самиот автопат. Кога стигнавме со возилото, кога го видов превртениот автобус не верував дека е тоа автобус, се мислев дека е приколка на камион. Буквално немаше ништо. И гледате само расфрлани тела, на една страна, на друга страна, таму некаде се превиткуваат луѓе кои се повредени, возачот паѓа во несвест не знае да ви каже ништо. Имате локално население 10 до 15 луѓе во моментот кои што се нашле, луѓе застануваат со коли, слушате врискање, општ хаос од сите страни. И додека дојдовме ние до ситуација да се стабилизираме, во моментот не знаете кому да му помогнете. Не знаете што има во автобусот, бидејќи не можете да видите ништо низ прозорите,  прозори нема, се е сплескано. Ги гледате надвор луѓето кому да му дадете помош, не знаете што му е скршено, не знаете како да постапите. Доаѓа првата кола на Брза помош, во моментот веднаш почна да се реагира, иако ние имаме некоја базична обука на прва помош, но нашите очи се навикнати на пожар, и сега одеднаш гледате тела.  Прво се стабилизиравме, и започнавме акција со подигнување на автобусот, но немавме со што. Дојде багер од селото и задниот дел од моторот го поткренавме. И од таму почнуваа да паѓаат тела. Направивме простор од 40 сантиметри, влеговме еден, па уште еден пожарникар  и јас влегов до пола“, раскажува Симоновски.

Драмата продолжува и во моментите кога однавор се создава голема гужва од локално насление, брза помош, медиуми, но мисијата на пожараникарите продолжи и покрај тешко достапниот терен.

„Одеднаш видовме жена која што лежи помеѓу столици обратно свртена со телефон во рака, разговараме со неа, а таа во блажена состојба. Тука застанавме, си рековме полека. Потребен ни е хидрауличен алат, да сечеме седишта, таа беше компатибилна, зборуваше. Тоа е момент кога треба да знаеш и како да изреагираш, а надвор се повеќе и повеќе доаѓа локално насление, ти викаат да ти помогнат, а почнува да се смрачува, од друга страна некој пали пила, а не смее тече нафта, фреон па веднаш реагиравме,  велиш дека е опасно. Потоа дојде полиција, и веќе почна некоја организација. Ние почнавме прво да ја вадиме жената што беше бремена, внатре беа двајца колеги кои беа од бригада, при што сечеа три седишта за да можеме да ја извадиме. До самото вадење не знаевме дека е бремена. Кога ја извадивме надвор, тогаш роднина, некоја блиска нејзина почна да вика по нас, да ме удира по рамо, да внимаваме со неа. Така дознавме всушност дека е во бремена“, раскажува Симоновски.

Во такви моменти треба трезвено да се размислува, и да се успее да се помогне на што повеќе луѓе. Но во вакви моменти има и такви слики кои не може, а да не ве прогонуваат што се спомене несреќата кај Ласкарци.

„Кога завршивме со спасувањето, на крајот останаа 7 или 8 жртви кои беа во самиот автобус, последниот од починатите беше најкритичен за вадење.  Видовме толку тажни слики што нема да ги заборавиме додека сме живи.  Но на крајот имаше најголема медиумска покриеност, најголема гужва, сите дојдоа, дури и од возилата на брза помош што доаѓаа се беше потрошено,  во однос на опрема, чаршафи  и ќебиња за покривање на починатите. Имаше многу луѓе надвор, страшно е да ја види таа слика било кој. Ќебиња немаше во ниту едно возило на Брзата помош, се беше искористено. Но, во последното комбе ни понудија фолија со патент,  Така ги вадевме телата на загинатите“, раскажува Симоновски за страотната несреќа кај Ласкарци.

По неколку дена се правело анализа за она што се случувало тој ден. Размислиле и на моментот дека и нивниот живот бил на раб.

-Нашиот живот ни зависеше од човекот чија нога беше на кочницата од багерот, вели тој.

Што ќе се случело доколку се случеле некои непредвидени работи и паднал багерот. Ова е тој „пост“ период кој во моментот не го размислуваш, туку го правиш бидејќи имаш опција како да го завршиш.

-Некои работи немаат цена, но некои работи па имаат, на пример кога ќе спасиш некого, вели Симоновски.

„Мене ми е многу криво за девојчето од 16 години кое почина, последно, 16 та жртва што беше после месец дена по несреќата. Буквално ја однесовме на раце девојката бидејќи немаше веќе носилки“.

„И Драч беше несекојдневна ситуација. Земјотрес на зграда каде што имаше девет жртви, две мали бебиња од 2,5 години, девојка од 21 година, жена и едно лице со инвалидитет. Таму работевме во координација со други екипи од Италија и Албанија, коодинациите се сосема други , земјотрес е нема брзање, тие се малку поспори во таа ситуација, ние сакаме набрзина се да завршиме“, вели Симоновски.

За да бидеш пожарникар не треба да имаш префикс „машки пол“ и не треба да имаш предрасуди дека пожарникарството е само машка професија. Во оваа истуација не е важен полот, туку физичката подготвеност и спремност.

„Сега 1%, имаме две жени кои работат во бригатата како сите останати колеги, но можам да кажам дека носењето на женскиот пол е еднаков како и на машкиот. Можам да кажам дека учествувавме и на кампањата на УНИЦЕФ за родова еднавост на луѓето кои што работат во вакви институции, што ги крстат „машки“ институции. Има предности и женското во инститицијата затоа што има ситуации кога треба да интервенира женско, може да има техничка интервенција, пример жена заглавена во лифт па може жена со жена подобро ќе се разбере. Има прености и женскиот, но и машкот пол. Не се двојат ниту пак се поштедени од колегите. Како се пишуваат на кои возила си дежураат како и сите други си држураат. Ако операторот процени дека треба да излезе возилото кое го должи жената, на кое што е дежурна Менка или Билјана, тоа возило излегува и со Менка и со Билијана. На оглас за пожарникари не бираме пожарникари и пожарникарки, огласот е отворен за сите и за машки и за женски. Сепак физичката подготвеност треба да е според стандардите и правилникот што ние го имаме за примање на вработените“, вели Симоновски.

За да станеш професионален пожарникар нема училиште, но затоа пак треба да исполнуваш неколку услови, да поминеш на тестирањата, да бидеш оценет и да се стекнеш со сертификат за професионален пожарниакр.

„Конкурсот се објавува од страна на локалната самоуправа, физичката подготвеност се прави овде, има Куперов тест, овој тест мора да се помине со тие стандарди. Прво имаме базен, плавање мора да помине 50 метри пливање, потоа качување на скала до трети спрат, качување на јаже за одредено време, мора да истрча 3000 метри за одредено време, потоа интервју. И нормално да ги исполнува оние административни работи, лекарско уверение,  завршено образование, потврда за неосудуван. Теорија и практичен дел, кој е поразличен од физичката подготвеност, на крајот добиваат оценка, полагање и се добива уверение за професионален пожарникар“, вели командантот Симоновски.

Габриела Додевска
Фотограф: Ванѓел Тануровски