Каков фраер љуби Адријана Лима – Манекенката го покажа новото момче – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/21 7:16 PM

Каков фраер љуби Адријана Лима – Манекенката го покажа новото момче

Манекенката Адријана Лима (39) е повторно заљубена и е во врска.

По разводот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, Лима беше во долгогдишна врска со турскиот пејач Метин Хар, а потоа кратка врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а сега со „набилдан фраер“ кој го покажа на својот Инстаграм профил.

Манекенката објави фотографии од роденденската прослава на нејзината пријателка и во таа прилика покажала дека на сите фотографии е прегрната со момчето во сина кошула.

За потсетување, пред 10 години манекенката Адријана Лима, која во тој момент беше мажена за српскиот кошаркар Марко Јариќ, доби и српски пасош и државјанство.