Во земјава се лекуваат 617 пациенти, слободни кревети има – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/21 10:15 AM

Во земјава се лекуваат 617 пациенти, слободни кревети има

Министерството за здравство информираше дека на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 617 пациенти, има слободни болнички места доколку има потреба.

-Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 55, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1085 и има околу 757 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението од Министерството за здравство.