Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени.
Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максимнална температура ќе достигне до 26 степени.
Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски во споредба со претходните денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.