Интер е нов шампион на Италија – Крај на деветгодишната доминација на Јувентус – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/21 4:47 PM

Интер е нов шампион на Италија – Крај на деветгодишната доминација на Јувентус

И официјално Интер е фудбалски на шампион на Италија за сезоната 2020/21. „Неразурите“ со победата во саботата над Кротоне од 2:0 им побегнаа на Јувентус, Милан и Наполи, па така само Аталанта можеше да да ги загрози до крајот. Меѓутоа тимот од Бергамо киксираше против Сасуоло и така на четири кола пред крајот Интер стана првак на Серија А после 11 години пауза.

Титулата им ја донесе Антонио Конте, бившиот капитен и тренер на Јувентус, со кого освои три титули а потоа се врати во Италија за да ја запре деветгодишната доминација на тимот од Торино.

Ова е прво скудето за Интер од 2010 година кога на клупата седеше Жозе Мурињо.

 

Извор: Mondo.rs

фото: Twitter