Христос воскресе- Вистина виоскресе! Вака верниците вечерва во соброрниот храм го дочекаа Христовото воскреснување, односно големиот христијански празник Велигден. За разлика од минатата година, кога верниците Христовото воскресение со запалени дсвеќи и јајце во рака го чекаа на терасите и прозорците, годинава црквите беа полни. Верниците вечерва се собраа пред Соборниот храм со запалени свеќи во рацете со молитви за здравје и благосостојба и со кршење на велигденските јајца го дочекаа Велигден.
Во црквите имаше редари за да не настануваат гужви за да се испочтуваат сите претпазливи мерки кои владата ги пропиша поради пандмијата со Ковид -19.
Според одлуката на Владата вечерва нема полициски час до недела до 21 часот.
За многу години празникот… Христос воскресе!
Фото: Вангел Тануровски