Страшна сообраќајка во Македонија, загина 18-годишно момче – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/21 9:16 PM

Страшна сообраќајка во Македонија, загина 18-годишно момче

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија, загина 18 годишно момче од Делчево.

Несреќата се случила доцна попладне кај делчевското село Град по излетување на возило, инормира МИА.

На местото на несреќата интервенирала екипа на Итната медицинска помош, од каде информираа дека по укажаната интервенција, со нивно возило заедно со сега веќе починатиот (Ф.А) се упатиле кон најблиската Клиничка болница, кој попатно починал.

Во излетаното возилото се наоѓало уште едно помладо лице, кај кое според лекарите не се забележани повреди.

Од полицијата го потврдија случајот и повеќе детали за несреќата најавија во текот на утрешниот ден.

 

МИА