Денеска 37 починати од Ковид 19, 365 новозаразени – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/21 5:57 PM

Денеска 37 починати од Ковид 19, 365 новозаразени

Денешната ковид статистика, повторно со висок број на починати од Ковид 19. Според податоците на Министертсвото за здравство, пријавени се вкупно 37 починати лица од кои 10 починале во периодот од 15 до 25 април 2021 година.

Единаесет се од Скопје на возраст од 50до 89 години, 8 лица се од Струмица од 63 до 79 години, 4 од Битола на возраст од 67 до 88 години, по 3 од Тетово и Штип од 56 до 77 години, по 2 лица од Куманово, Кавадарци и Кочани од 64 до 88 години и по едно лице починато од Прилеп и Свети Николе на возраст од 58 до 82 години. Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови.

Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број новорегистирани заболени од Ковид-19 од Скопје се 166, Куманово 27, Битола 19, Струмица 17, од Прилеп и Велес по 15, Кавадарци 12, Тетово 11, Кичево 10, од Охрид, Свети Николе и Виница по 9, Штип 8, Ресен 6, Гостивар 5, Струга 4, од Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2 и по еден новозаболен има во Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево.

Од регистрираните 594 оздравени пациенти од Скопје се 240, Битола 42, Куманово и Велес по 39, Прилеп и Гевгелија по 26, Гостивар и Струмица по 23, Штип 20, Кочани 15, Берово 14, Тетово 13, Охрид 12, Кичево 10, Свети Николе 8, Делчево 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5, Валандово и Богданци по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2 и Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.