По претходна расправија во Казнено поправната сутанова „Идризово“ вчера двајца затвореници физички се пресметале. Едниот од нив 36 годишен со остар предмет го нападнал и го повредил 27 годишниот затвореник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка тереза“ за укажување лекарска помош.
„Вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово”, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје“, соопштија од Министерството за внатрешни работи, од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.