Гестот што го разнежни светот – Пристигнал во фризерски салон да научи да витка коса бидејќи сопругата повеќе не може тоа да го прави сама – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/21 3:15 PM

Гестот што го разнежни светот – Пристигнал во фризерски салон да научи да витка коса бидејќи сопругата повеќе не може тоа да го прави сама

Како што старееме, работите што секогаш ги земавме здраво за готово, како што е во можност да прошетаме и да се организираме, стануваат сè потешки и попредизвикувачки. Може да дојде време кога не можеме да направиме ништо од овие работи без помош.

Една постара жена забележала дека веќе не може сама да ја витка косата со фигаро, нешто што обожавала да го прави, па нејзиниот сопруг решил да ги земе работите во свои раце и да побара помош од експерт.

Тој го посетил фризерскиот салон „Hair Design By Britney“ во Алберта, Канада за да научи како да ја навитка косата и да и помогне на сопругата, пренесува Мирор.

Во објава на Фејсбук страницата од салонот напишаа:
– Овој прекрасен господин дојде денес да научи како да вика коса за својата сопруга. Неговата сопруга веќе не е во можност да ја витка сопствената коса и често се гори, па затоа тој решил да стори нешто и да научи како да витка коса. Задоволство ни беше да го научиме! –  Го научивме како да прави волумен на кратка коса, како да ја заштитиме кожата од изгореници, но и како да ставиме маска на неа.

– Објавата брзо собра скоро 150 илјади лајкови, а многумина беа воодушевени од овој прекрасен гест.
– Ова е вистински маж! Колку прекрасна приказна и одличен сопруг кој навистина се грижи за потребите на неговата сопруга. Среќно за нив – тоа е само еден од многуте коментари.

Преземено од: https://www.vecernji.hr/