Пита со печурки може да биде предјадење или главно јадење, со свежа салата но во секој случај како совршен оброк. Тоа е одличен избор за денови на пост на вода, и е брз и лесен за подготовка.
Состојки:
еден праз
500 грама печурки – шампињони
1dl кисела вода
½ прашак за пециво
150gr соини трошки
сол, бибер и оригано
Подготовка:
Исечете го празот на половина и исечкајте го ситно исто така и печурките. Додадете малку вода во тавата, ставете ги празот и печурките и оставете ги да се варат додека не испари водата. Зачинете по вкус.
Сварените соини трошки оставете ги во солена вода и комбинирајте ги со печурки и празот.
Ставете ја хартијата за печење во плехот за печење. Истурете една кора со малку мешавина од кисела вода и прашок за пециво, ставете ја втората кора и повторете ја постапката, а потоа третата и дел од филот и завиткајте ја. Потоа направете ролни од кората додека го имате материјалот.
Готовите ролни наредете ги во тава и посипете ги со малку повеќе кисела вода и печете ја питата 40 минути во загреана рерна на 200 степени.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/