Романтичен гест на Бајден – Бело глуварче за првата дама – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/21 12:41 PM

Романтичен гест на Бајден – Бело глуварче за првата дама

Претседателот на САД, Џо Бајден, застана накратко за да и избере цвет од глуварче за неговата сопруга Џил, додека парот се подготвуваше да се качи на хеликоптер пред нивното патување во Џорџија во четвртокот.

Додека Бајден шеташе по тревната површина пред Белата куќа, Бајден се наведна и го зеде глуварчето, а потоа и го подаде на првата дама.

Џил Бајден беше облечена во светлосин фустан од Оскар де ла Рента со жолто овошје, кое очигледно многу го сака затоа што често го носи, а се продава по цена од 2.890 долари, пренесува „Јутарњи лист“.

Патем, Бајден често прави романтични гестови, па јавноста често може да ги види како разменуваат бакнежи или се држат за раце.

Патем, претседателската двојка отиде во Џaорџија да го одбележи стотиот ден на претседателот во Белата куќа. Додека беа во земјата, тие се состанаа со поранешниот претседател Џими Картер и присуствуваа на митинг за автомобили.

Преземено од: https://www.blic.rs/