Почнете да го планирате продолжениот празничен викенд – Натпросечно топло до 31 степен – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/21 11:04 AM

Почнете да го планирате продолжениот празничен викенд – Натпросечно топло до 31 степен

Уживајте во празничниот ден и веќе подготвувајте планови за деновите кои следат бидејќи временските прилики ќе бидат на ваша страна.

Денеска ќе имаме сончево и топло време и умерена локална облачност. Од УХМР велат дека ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието на места ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

За време на викендот ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност.

Утре попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Локален дожд ќе има и во вторник, кога дневната температура ќе се намали за неколку степени.