Продолжениот викенд носи и поголема фрекфенција и раздвиженост на граѓаните до одредени дестинации каде што ќе го поминат големиот христијански празник Велигден. Но тоа не значи дека не треба да се внимава за безбедно да стигнете до дестинацијата. Безбедноста треба да ви е на прво место. Прво безбедносен појас, а потоа прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација, како и тоа да не помислувате да седнете зад воланот доколку имате консумирано алкохол.
Засилените контроли на МВР во текот на вчерашниот ден при контрола на автопатот Скопје – Куманово и магистралниот пат Арачиново – Куманово сакнционирале 144 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место, информираат од МВР.
Додека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Г.Д