Утрнава околу 8 часот се запали стан на тетовска улицаа „Маршал тито“ спроти зелениот пазар. Како што информираат од СВР Тетово изгорел дел од станот кој се наоѓал на третиот кат од зграда с пет ката и поткровје, при пожарот нема повредени лица.
„Интервениравме со две возила и осум пожарникари. Пожарот беше пријавен околу 7 часот и 50 минути, а за еден час беше локализиран и ликвидиран. Пуштивме линија-црево во вода до самиот стан и интервениравме во гасење на огнот и спречување на ширење кон останатите станови. Станот е блиску до пожарната и за кратко време стигнавме до местото за интервенција“, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна единица.
По гаснењето на огнот започнат е увид од страна на службениците на тетовската полиција.
МИА


