Денеска рано утрово пристигнаа долго очекуваните вакцини од производителот „Синофарм“ од Народна Република Кина. Министерот за здравство Венко Филипче со Македонската армија ги пречекаа вакцините пред Поликлиниката „Јане Сандански“ Скопје, кој воедно е еден од вакциналните пунктови во Скопје. Филипче изрази благодарност до амбасадорот на Народна Република Кина, Цанг Ѕуо и неговиот личен ангажман.
„Станува збор за количина од 200.000 вакцини кои веќе службите ќе ог одработат соодветно во делот на ладниот ланец, ќе се сместат во ладната соба на Поликлиниката „Јане Сандански“ која што и во следните денови најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација низ земјата, Скопје, Штип, Кавадарци, Куманово, Тетово, Охрид и Битола. Според бројката на пријавени граѓани, така ќе бидат и распоредени количините и амсовната вакцинација ќе започне веќе во вторник“, рече Филипче.
Ова е месец се очекуваат значајно други големи количини на вакцини, рече Филипче и верува дека до почетокот на летото ќе има висок процент на вакцинирани граѓани и тоа ќе доведе до целосно менување на сликата на епидемијата кај нас.
„Овие вакцини кои што се веќе пакувани во шпицеви со игли и спремни за апликација ќе бидат распоредени во големи вакцинални пунктови во сите шест градови плус Скопје согласно оној број на пријавени граѓани според возраста. Вакцинацијата ќе започне во вторник, пунктовите се веќе спремни луѓето веќе се координираат, не станува збор за здравствен кадар само од овие градови туку и од околните градови кои што ќе помагаат и бројката на граѓани кои што ќе се вакцинираат на ден е околу 10.000 до 15.000“, изјави денеска министерот за здравство.
Акцент ќе стави на граѓаните кои што веќе се пријавени , кои веќе чекаат според возраста, но и според приоритетот на пријавување, односно оние кои што први се пријавиле или веќе чекаат да бидат повикани, ако досега не биле повикани, ќе биде според возраста тоа ќе се одвива насекаде во државата. Засега сите пунктови ќе останат да работат, вели Филипче иако се разгледува можноста да помогаат дополнителни пунктови, но не во Скопје туку во другите градови, целосно да го дадат кадарот за да функционираат само големите пунктови, засега ќе функционираат паралелно двата системи за што има доволно кадар, но ќе видиме како ќе функционира тој систем.
„Овој месец се очекуваат да пристигнат 500.000 вакцини на компанијата „Синовак“, 100.000 дополнителни дози кои доаѓаат како донација благодарение на Министертсвото за одбрана од „Синофам“, како дополнување на овие 200.000 вакцини, 26.000 дози од Фајзер преку нашиот директен договор, сеуште немаме конкретен термин кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини. И сега што станува се понеизвесно пристигнувањето на вакцината „АстраЗенека“ имајќи предвид со она што се случува во Индија, таму има навистина силен бран огромен број на пацинети на кои им е потребна хоспитализација, болници кои се за жал во критична ситуација, има и донесено Индија забрана за извоз на вакцини, а дел вакцините на „АстраЗенека“ преку механизмот Ковакс треба да пристигнат од Индија“, вели Филипче.
Г.Д