Шпанскиот актер и комичар познат ширум светот по надимакот Ел Риситас, кој беше обожуван од сите поради заразното смеење што ни го поправуваше расположението и стана легенда на „Јутуб“, починал во болница во Севиља.
Неговото смеење го знаеше целиот свет, па веста за смртта на комичарот ги натажи сите кои го сакаа или барем еднаш го погледнаа фамозното видео.
Eл Риситас роден е на петти април во 1956 година во Севиља, а неговото вистинско име е Хуан Хоја Борха.
Сите знаеме како ја стекна планетарната слава:
Делови од оваа емисијата се преведени на стотина светски јазици и искористени се за повеќе од милион ситуации во „мим светот“ на интернет. Неговата насмевка вечно ќе биде запаметена.
Ел Риситас во среда попладне бил префрлен од болницата де ла Каридад во Севиља, каде што и живеел, во универзитетската болница Вирген дел Росио. Како последица на болеста, пред крајот на животот му била ампутирана ногата.
Извор:
mondo.rs