Навивачите се враќаат на трибините во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 5:27 PM

Навивачите се враќаат на трибините во Италија

Деветнаесетти мај, освен по финалето во Купот на Италија помеѓу Јувентус и Аталанта, ќе биде запаметено и по уште еден елемент кој ќе ги израдува сите љубители на фудбалот.

На трибините во Реџио Емилија, на стадионот на Сасуоло, навивачите на Јувентус и Аталанта ќе можат одблизу конечно да ги следат своите омилени клубови. Владата на Италија ја потврди оваа информација, со оглед на тоа дека пандемиската ситуација во земјата се подобрува и влегува под контрола.

Сепак, стадионот нема да биде исполнет со целиот капацитет, туку само 20 отсто од трибините ќе бидат достапни за најверните фанови на клубовите од Бергамо и Торино.

Полека, но сигурно и останатите европски лиги се придружуваат кон отворање на фудбалските борилишта. Изминатиот викенд во финалето на Карабао Купот, Манчестер Сити и Тотенхем се соочија пред коректно исполнет „Вембли“, а гласините велат дека и финалето во ФА Купот, како и финалето во Лигата на Шампионите во Истанбул ќе би одиграно пред одреден број на присутни.