Седумнаесетгодишник во текот на вчерашниот ден бил нападнат и повреден со остар предмет на ул.„Македонско-Косовска бригада“ во Скопје, соопштија од СВР Скопје.
-На 28.04.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет. Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада” бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана, велат од полицијата.
Се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.