Кочанчанец излажал двајца штипјани дека лекува болести, а тие му давале злато и пари – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 3:46 PM

Кочанчанец излажал двајца штипјани дека лекува болести, а тие му давале злато и пари

Против Ш.М.(42) од Кочани СВР Штип поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”, информираат од МВР.

Пријавениот во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари.