Девојките го сонуваат момчето за кое ќе се омажат, а денес се простуваат и најтешките гревови – Верувања и обичаи за Велики четврток – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 8:00 AM

Девојките го сонуваат момчето за кое ќе се омажат, а денес се простуваат и најтешките гревови – Верувања и обичаи за Велики четврток

Православните христијани, кои се придржуваат до (стариот) јулијански календар, денес го слават Велики четврток. Христијаните се сеќаваат на последниот ообед на Исус Христос, Тајната вечера и денес е можност дури и на најголемите грешници да им бидат простени нивните гревови.

На Велики четврток нема радост, но има собири на верници. Во некои православни народи, велигденските јајца се вапсуваат на тој ден, а не на Велики петок, додека во Русија, велигденската слатка погача се меси на Велики четврток. Според евангелските записи, Христос го благословил лебот на Тајната вечера и споделувајќи го со апостолите, рекол: „Ова е моето тело што е скршено за вас за простување на гревовите“.

Потоа земал чаша вино и додал: „Пијте од оваа чаша, сите, ова е мојата крв од Новиот Завет, која се пролева за вас и за многумина, за простување на гревовите“.

Христовите зборови се повторуваат на Велики четврток на литургиите пред причеста на верниците, следејќи го примерот на првата причест на Христос и неговите апостоли. Прославата во сите храмови започнува со литургија, која се служи десет пати годишно, на сите поголеми православни празници. На овој ден во вечерните часови, се читаат дванаесет евангелија за Христовото страдање и додека се читаат евангелијата, луѓето во црквата клекнуваат на колена.

Празникот е еден од деновите издвоени за причест на верниците кои, почитувајќи го православниот канон, постеа на вода барем последните пет дена. На литургиите, верниците се причестуваат со леб или нафора – тело Христово и вино, што е симбол на неговата крв пролеана за спасение на човечката раса.

Луѓето веруваат дека и на најголемите грешници, кои се причестуваат на овој ден, им се простени  гревовите. На крајот од литургијата, ѕвонењето на камбаната застанува, туку се клепа, се удира во штица, сè до погребот на Христос. По литургијата, дозволено е да се јаде со масло и да се пие малку вино.

Велики четврток е трогателен празник бидејќи е дел од Големиот, Чесниот или Велигденскиот пост, кој трае шест недели. Верниците кои се придржуваат до правилата на постот, во првата и последната недела, не јадат дури ни риба, туку друга храна за постење, подготвена на вода, без масло. На Велики петок, дури е пожелно да не се јаде ништо цел ден. На литургијата на Велики четврток се осветуваат и подготвуваат причесни дарови за болните, кои се чуваат на чесните трпези во текот на целата година.

На Велики четврток, постојат различни верувања и обичаи меѓу луѓето, некои носат голема свеќа, тешка десетици килограми чист восок, која се пали во текот на целата година, додека следната не се донесе. Овој ден  се слави и како слава на орачите, тие одат со стоката на поле, но не прават ништо.

На овој ден се вапсуваат велигденските јајца. Понекогаш боењето јајца трае три дена,  до Велики петок и Велика сабота, и тоа само наутро. Во минатото, јајцата биле боени со коприва и лушпа од кромид, и првото обоено јајце со „чуваркуќа“ децата го носат  на нива и го оставаат таму за да го грее сонцето. Попладне, јајцето се враќа во куќата, каде што се чува цела година. Некаде, пак, додека е сè уште свежо, мајката ги трие на образите на децата.

Денес жените одат во црква и оставаат јајце за душите на мртвите. На Велики четврток навечер, девојчињата ставаат огледало, чешел, пешкир под перницата и пред да заспијат, велат: „Кој е мојата судбина нека дојде вечерва да се избрише со крпа, да ја исчешла косата, и се огледа во огледало. Девојка ноќта го сонува момчето за кое ќе се омажи.

Извор: mondo.rs

Фото: brodportal.hr