Зеленски: Ватикан е идеално место за средба со Путин – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 10:41 PM

Зеленски: Ватикан е идеално место за средба со Путин

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека Ватикан е идеално место за средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зеленски, во изјавата за италијанскиот весник „Ла Република“ (La Republika), истакна дека ќе се реализира неговата средба со Путин.

Според него, оваа средба е потребна за ставање крај на војната во Донбас.

Запрашан дали средбата ќе се реализира во Ватикан, Зеленски рече дека Ватикан е идеално место за средба за мир.

Украинскиот претседател нагласи дека Ватикан е непристрасен и затоа, како што рече тој, се разликува од другите актери.

Инаку, Зеленски на 26 соопшти дека на шефот на Кабинетот на украинското Претседателство, Андриј Јермак, му дал инструкции да организира средба со Путин.