Големината на секој спортист се состои во тоа што работите кои ги прави на спортското борилиште, изгледаат претерано едноставно и просто. И тоа не го може секој, но за среќа на љубителите на кошарката на овие простори, таквата улога ја преземаат српските и словенечките кошаркари во НБА лигата.
Лука Дончиќ практично „на грб“ ја носи франшизата од Тексас во текот на целата сезона, а синоќа против поранешните шампиони Вориорс, играше за да победи и да се забавува истовремено, доловувајќи ја и самата суштина на играта.
Словенечкиот репрезентативец го водеше Далас Маверикс во голема победа над Голден Стејт од 133:103, постигнувајќи 39 поени, осум асистенции и шест скокови. Дуелот практично беше одлучен уште во првото полувреме кога Маверикс влезе во серија од неверојатни 28:0.
Luka Doncic makes basketball look way too easy. Generational talent. 💯 pic.twitter.com/M9KceK5Noa
— Hilltop Hoops (@HilltopNBA) April 28, 2021
Под фаул, со една рака, степ-бек, обични положувања на прв обрач. Некогашниот играч на Реал Мадрид со необјаснива леснотија, небаре игра кошарка со своите пријатели на маалскио кош, претставуваше нерешелива енигма за одбраната на Вориорс и Стив Кер.
Дончиќ на скорерската табла го следеа и Макси Клебер со 10 поени и Никола Мели со 13 поени. Кај поразените, кој друг ако не Стеф Кари се најде на врвот на листата на стрелци со 27 поени.
На Запад, Маверикс останува на шестата позиција која води во плеј-офот, додека пак Голден Стејт се зацементира на десеттата позиција и шансите за елиминациона фаза им се сведуваат на минимум.
Фото:
д.ј