Иако за Париз Сен Жермен честопати знае да биде залепена етикетата „вештачки клуб“, категоризација која од самиот почеток ја загуби својата смисла, поради сопственичката богата структура и релативно доцниот период на создавање на клубот, навивачите на тимот од француската престолнина знаеле во минатото, но и сега да креираат одлична атмосфера пред важните натпревари.
Во пресрет на полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, парижаните пред „Паркот на Принцовите“ ги пречекаа своите пулени кои пристигнуваа со тимскиот автобус на највисоко можно ниво. Факели, песна и оправдана еуфорија, ги затекна фудбалерите на ПСЖ пред влезот на стадионот.
ПСЖ лани се наоѓаше на чекор до долгопосакуваната европска титула, но силниот Баерн Минхен претставуваше финална пречка кон кревањето на популарниот сребрен „ушко“. Сезонава, ПСЖ предводен од Маурисио Покетино, му се одмазди на Баерн Минхен за минатогодишниот болен пораз, а во 1/8 финалето „кутна“ уште еден голем европски клуб, Барселона.
PSG is about much more than “oil run club.” Do keep that in mind tonight. pic.twitter.com/JpfyqvILbc
— Get French Football News (@GFFN) April 28, 2021
Париз Сен Жермен освен во битката за трофеј во најквалитетното клупско натпреварување, влегува во крајно неизвесна завршница во домашното првенство каде што Лил во моментов е првопласиран на четири кола пред крајот и еден бод предност во однос на актуелниот првак.
Реваншот од втората полуфинална двојка во ЛШ ќе се одигра следната седмица на четврти мај на „Етихад“ во Манчестер.
PSG fans welcoming their team ahead of the Champions League semi-final 💥🧨
🎥 @vtcanonyme pic.twitter.com/CmwfVhrAtV
— 433 (@433) April 28, 2021
Фото:
Twitter / @Sporf
д.ј