Не е повреда, не е ниту суспензија од картони. Левиот бек на Реал Мадрид кој веќе влезе во ветерански години, Марсело, ќе го пропушти реванш дуелот од Лигата на шампионите против англиски Челзи поради навистина бизарна причина.
Имено, Бразилецот е делигиран од локалните власти да присуствува на изборите во шпанската престолнина. Изборите во Мадрид ќе се одржат следниот вторник на четврти мај, само еден ден пред одлучувачкиот двобој на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.
Од „кралскиот клуб“ и самиот фудбалер, најавиле поднесување жалба, но според тамошните закони, учеството на спортски натпревар не претставува доволно силна причина за неисполнување на граѓанската обврска.
Реал Мадрид и Челзи вчеравечер одиграа 1:1 на „Алфредо Ди Стефано“ и билетот за финалето во кампањата 2020/21 во најквалитетното клупско натпреварување ќе до резервираат во Англија за седум дена. За гостите Пулишиќ го отвори резултатот во 14-тата минута, а Бензема десеттина минути подоцна изедначи и го остави во игра 13-кратниот европски владетел.
Фото:
marca.com