Планирал масакр, нарачал оружје во микробранова печка – Расипан планот на проблематичен ученик – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 4:55 PM

Планирал масакр, нарачал оружје во микробранова печка – Расипан планот на проблематичен ученик

Возрасен маж од околината на Крањ е осомничен и приведен под сомнение дека подготвувал напад со оружје што го нарачал во САД преку „dark net“ од одмазда, и требало да дојде на неговата адреса во пакет скриен во микробранова печка, потврди словенечката полиција.

Полицијата во соопштението објави дека во тој случај, со соработка на словенечките и американските безбедносни власти, било спречено реализирање на „планирани убиства со оружје“, без откривање детали.

Оружјето е одземено во САД од страна на Американската служба за домашна безбедност, што спречило потенцијален напад со стрелање во Словенија, потврди полициската управа на Крањ на прес-конференција во попладневните часови.

Без откривање на идентитетот на осомничениот, полицијата изјави дека станува збор за лице кое досега не било во кривична или прекршочна постапка. Поради интересот за понатамошна истрага,  не сакаa да ги потврдat тврдењата на медиумите дека станува збор за возрасно лице од областа Крањ, средношколец со проблеми на училиште, по шпекулациите во печатот дека лицето подготвувало „стрелачки поход“ сличен на оние што често се случуваат во САД. Досега нема индиции дека повеќе од една личност учествувала во наводното планирање на вооружениот напад.

Извор: index.hr