Жител на делчевското село Бигла пронајден удавен во реката Брегалница – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 4:17 PM

Жител на делчевското село Бигла пронајден удавен во реката Брегалница

Машки труп е пронајден во водите на реката Брегалница во близина на делчевското село Драмче. Увид на местото на настанот извршила делчевската полиција од каде информираа дека причина за несреќата е давење.

– На 27.04.2021 во 11.30 часот во полициската станица Делчево е пријавено дека во река Брегалница на место викано „Долна Река”, атар на село Драмче, е пронајден удавен Ф.М.(63) од село Бигла, делчевско. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а наша екипа изврши увид на местото на несреќата, информираа од полицијата.

По наредба на јавен обвинител како што додадоа, телото било предадено на семејството.

 

 

 

MИА