Љубовна драма – пар нападнат со остар предмет додека седеле на клупа – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 3:47 PM

Љубовна драма – пар нападнат со остар предмет додека седеле на клупа

Во СВР Скопје вчера во 15 часот било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“, С.С.(30) и М.И.(26), двајцата од Скопје, додека седеле на клупа со Т.Ј.(23) од Скопје, биле нападнати со остар предмет од В.Б.(24) од Скопје, информираат од МВР.

Причина за нападот, според пријавеното, биле нерасчистени љубовни проблеми меѓу напаѓачот и девојка која била заедно со нападнатите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.