Правдата еден ден ќе стаса- Се одбележаа 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 2:34 PM

Правдата еден ден ќе стаса- Се одбележаа 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце

Денес се одбележаа 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце, кога осум припадници на безбедносните служби ги загубија животите, четворица водници на специјалната единица Волци и четворица припадници на полиција. Во нападот беа повредени уште шестмина

 По тој повод денеска беше поставена спомен плоча во чест на загинатите припадници на безбедносните служби на самото место, каде пред две децении ги положија животите во одрбана на татковината. Од Одборот на бранители, побараа од властите достојно одбележувања и чување на ваквите скромни плочи од уништување кои се случуваат после секој настан.

Се надеваат дека правдата еден ден ќе стигне и ќе се откријат сторителите и нарачателите на овој масакр.

Инаку во масакрот кај тетовското село Вејце, беа повредени и уште шест лица припадници на безбедносните служби, кои успеале да се извлечат превезувајќи се со последното возило од колоната.