МВР денеска информира дека во скопската населба Кисела вода , иако важи забраната за работа, сепак била отворена теретана.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера (27.04.2021) ги лишија од слобода ( И.И.),( М.Н.) и( И.А.)(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. Емил Зола во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти. Објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и протов нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по чл. 206 од КЗ на РСМ, велат од МВР.