Пронајдена почината Германка во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 12:49 PM

Пронајдена почината Германка во Кавадарци

Синоќа во ОВР Кавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во градот, сопственост на 75-годишник, била пронајдена почината 67- годишна германска државјанка, која повеќе години живеела со кавадарчанецот, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, а телото на починатата било предадено на обдукција.

МИА