(ВИДЕО)„Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“ – Лозано ја објави новата песна – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 12:45 PM

(ВИДЕО)„Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“ – Лозано ја објави новата песна

По подолга пауза поради пандемијата со коронавирусот, нашата најголема  музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна.

„Вардаре“ е насловот на новата песна, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови.

Се разбира, автори на ова дело се тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас.

Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска – Бејби.

Во продолжение уживајте во најновата песна на Лозано