Разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, е поради прекршување на членовите 4 и 6 од Етичкиот кодекс за функционерите и членот 10 од Законот за Државната пазарна инспекција. Ова е објаснувањето на вицепремиерот Љупчо Николовски, кој беше прашан од новинарите на денешната прес конференција за разрешувањето на Пауновски.
-Од наша страна се констатирани прекршувања на Кодексот и од страна на Кабинетот (на вицепремиерот н.з.) е доставено писмено известување согласно процедурата, до Претседателот на Владата согласно сите опции од членот 23 од овој Кодекс, изјави Николовски.
Како што најави вицепремиерот, во претстојните денови се очекува назначување на в.д. на Државниот пазарен инспекторат.
Овој инспекторат ќе се зајакнува со нови 22 инспектори за Скопје, Струмица, Штип и неколку други инспекторати, покрај најавените рамковни работувања.
На вчерашната седница на Владата, Стојко Пауновски беше разрешен, откако одби да ги преземе препраспределените вработени според Рамковниот договор, со образложение дека му се потребни инспектори. Премиерот Зоран Заев ова го нарече „пркос“ на Пауновски, по што беше разрешен.