Ставен е во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од буџетот на општина Неготино, а новиот дом на Ловечкото друштво „Вардар“ е со површина од над 90 метри квадратни и е лоциран во кругот на старата гимназија.
– Објектот располага со три простории и ќе биде на располагање на над 200 ловци. Овде тие ќе ги планираат и подготвуваат своите активности согласно годишната програма за работа, ќе се организираат работилници од едукативен карактер, соопшти прес-службата на општина Неготино.
Извор:МИА