Ставен во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 10:52 AM

Ставен во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино

Ставен е во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од буџетот на општина Неготино, а новиот дом на Ловечкото друштво „Вардар“ е со површина од над 90 метри квадратни и е лоциран во кругот на старата гимназија.

– Објектот располага со три простории и ќе биде на располагање на над 200 ловци. Овде тие ќе ги планираат и подготвуваат своите активности согласно годишната програма за работа, ќе се организираат работилници од едукативен карактер, соопшти прес-службата на општина Неготино.

 

Извор:МИА