Сцената за полуфиналето на регионалното кошаркарско натпреварување е поставена. Во терминот од 18 часот одиграни се преостанатите два меча од последното коло во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата.
Кошаркарите на Морнар славеа во Лакташи против Игокеа со 88:79 и така обезбедија пласман во плејофот на ова натпреварување. Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Нидам со 18 поени, Смит додаде 15, а Врањеш 13 поени. Кај Игокеа, Фундиќ беше најрасположен со 15, а Илиќ постигна 14 поени.
После овие исходи и покрај победата над Мега од 85:79, Цедевита Олимпија не успеа да се пласира во плејофот на АБА лигата. Јака Блажиќ брилијираше со своите 30 поени, а додаде и седум скокови и исто толку асистенции. Одлична партија имаше и младиот кошаркар на Мега, Марко Симоновиќ, додавајќи на контото 15 поени и дури 18 скокови.
Во полуфиналето во плејофот во АБА лигата ќе се сретнат Будуќност-Морнар и Црвена Ѕвезда-Игокеа.
Извор:
sportske.net
Фото:
aba-liga.com