Заработката од 48 милиони долари го направи најплатениот диџеј во светот – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/18 10:40 AM

Заработката од 48 милиони долари го направи најплатениот диџеј во светот

Шкотскиот диџеј Келвин Харис е на првото место на листата најплатени диџеи на светот според магазинот „Форбс“, со 48 милиони долари. Всушност Харис на оваа позиција се наоѓа веќе шест години по ред.

„Форбс“ објави листа од 15 најплатени диџеи на светот, а разликата меѓу 15 –от на листата и најплатениот се 38 милиони долари.

Келвин Харис по настапот во Лас Вегас, започна со заработка на шестцифрени суми, додека неговите барања за настапи на фестивали од Јапонија до Балканот е седумцифрена сума. Веднаш по него на оваа листа се наоѓа Chainsmokers со заработка од 45,5 милиони долари, со популарните синглови „Closer“ и „Something Just Like This“ имаат настапено над 100 пати во измиантиот период.

Најбогатиот диџеј во случајов Келивин Харис во моментот е актуелен со неговата соработка со популарната пејачка Дуа Липа и песната „One Kiss“. Девојката чии коени се од Косово, а денес има светска музичка кариера.