Иако некогаш екслузивна и за некого недостижна дестинација Дубаи, среде пандемија стана лесно достапна, со тоа што туристичките ангажмани се со цени и за средната класа на граѓани. Сведоци сме периодот дека голем број на блиски пријатели, роднини заминаа на одмор и релаксација во Дубаи, еден од најнаселените и најпосетените градови во Обединетите Арапски Емирати.

Во моментов во овој град се одвива масовна имунизација со цел работите да се вратат во нормала, и граѓните да може да се вратат на старите навики.
Влатко Аврамовски кој подолги години работи и живее во Дубаи, за ММС.МК ни ја пренесува моменталната состојба во овој дел од светот. Тој вели како во секоја земја, така и таму маската и дистанцата се задолжителни превентивни мерки за заштита од ширењето на Ковид 19.

„Во моментов ситуацијата е добра, сеуште е задолжително носењето на заштитни маски и социјална дистанца. Кафулињата, рестораните и моловите работат според мерките за заштита од Ковид 19, но не премногу строги во однос на работното време. Вакцинацијата во Дубаи е веќе поодмината фаза, повеќе од 80% од граѓаните се вакцинирани“, вели Аврамовски.

Тој неодамна ја прими и втората доза од вакцината на „Синофарм“ и вели дека одлично се чувстува, иако по првата примена доза имал болки на местото каде што била инјектирана вакцината и мала галвоболка.
-Вакцинацијата во оваа земја иако не е задолжителна, но сепак за да можеш да работиш во одредени сектори во тој случај ќе мора да си вакциниран, вели Аврамовски.
Тој како дел од угостителскиот сектор, морал да се вакцинира за своја и безбедност на посетителите.
„Досега немаше такво нешто, но во последната изјава на министертсвото за здравство најавија рестрикции во движењето на луѓето кои не се вакцинирани. Задолжително е носење маска, социјална дистанца, хотелите и моловите работат со 70% капацитет, а рестораните 50%. Секоја продавница има истакнато максимален број на клинети кои смеат да влезат во исто време, додека пак на плажите мора да се почитува само социјална дистанца “, вели Аврамовски.
Во однос на посетители како туристи има вели тој, но не како вообичаено. Мерките се почитуваат бидејќи во спротивно може да се платат високи глоби.
„Казната за не носење или непавилно носење маска е околу 800 евра, додека казните за угостителските објекти за непочитување на мерките може да бидат и до неколку десетици илјади евра“, раскажува за ММС, Влатко Аврамовски.
За влез на туристите во Обединетите Арапски Емирати потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, за одредени држви кои се во зелената зона не е потребен ПЦР тест, но има и држави кои имаат целосна забрана за влез во државата, вели Аврамовски.
Габриела Додевска


